Quantcast
Channel: Закон – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 28

Нови можности за автономните возила, индустријата сама ќе реши како да креира паметни возила

$
0
0

Законодавците во САД се чини дека и дадоа отворени раце на автомобилската индустрија за креирање на автономни возила. Единствено цврсто барање до компаниите кои работат на развој: „Автомобилите мора да бидат безбедни“, вели Федералната агенција за безбедност на автомобилите.

Компаниите можат да користат што сакаат и каква технологија сакаат, за да ја остварат конечната цел, побезбедни возила.  Возила кои ќе ги спречат несреќите на патиштата и ќе ги избегнуваат пречките на патот и пешаците. Ова не значи дека државата во целост се откажала од контролата. Во случај да не биде следено правилото за безбедност, компаниите ќе бидат казнети по сегашниот закон, вели New York Times.

Како проширување на законот САД сакаат во иницијативата да се вклучат Канада и Мексико, со што законот ќе биде ист на целиот континент.

Една од точките кои нема да им се допаднат на производителите е задолжителното споделување на податоците. Компаниите ќе мора да ги споделат овие податоци со регулаторот во случај на незгода, а регулаторот ќе мора да анализира што се случило. Производителите на возила ќе се обидат да го убедат законодавецот да ја повлече оваа точка, но сепак безбедноста е приоритет.

 „Има конкурентни податоци, доверливи деловни информации, повеќе аспекти кои треба да се испочитуваат. Од друга страна безбедноста мора да биде приоритет. Пронаоѓањето на вистинско решение за да го обезбедиме ова, а истовремено заштитувајќи ги податоците ќе биде подолготраен процес.“, вели Дејвид Стриклеnд, претставник на Google, Lyft и Uber.

Друго интересно прашање е сајбер безбедноста, па производителите ќе мора да креираат возила кои се безбедни и во тој поглед. Засега законодавците работат на создавање на стандарди кои ќе треба да се почитуваат. Поради ова агенцијата овој пат не отвори дебата за сајбер безбедноста на софтверот во автомобилите.

Во текот на тестовите возилата ќе мора да обезбедат брзо и едноставно префрлање на контролата помеѓу машината и возачот. Препорака е возилото да има и сигнализација кога ќе биде вклучен автономниот мод на работа.

„Автономната технологија и возилата апсолутно ќе ги променат работите. Автономните возила имаат потенцијал да спречат најголем дел од несреќите.“, вели Колин Шери-Чрч, претседател на организацијата Mothers Against Drunk Driving.

The post Нови можности за автономните возила, индустријата сама ќе реши како да креира паметни возила appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 28

Trending Articles